Loading Video...
Ракомет
28. April 2022 - 18:25

Македонските ракометарки ги добија противничките за ЕП што ќе се одржува и во Скопје

Македонската женска ракометна селекција ги дозна своите противници за ЕП што во почетокот на месец ноември ќе се одржува во Македонија, Словенија и Црна Гора
 
Репрезентациите на ФРАНЦИЈА, ХОЛАНДИЈА и РОМАНИЈА ќе бидат противници на најдобрата женска ракометна селекција на МАКЕДОНИЈА, на следното ЕП.
 
Нашата селекција ќе игра во Скопје, во ЦС „Борис Трајковски“, каде ќе се играат средбите од Ц групата.
 
Најслабо рангираната селекција во секоја од четирите групи ќе го заврши шампионатот по првата фаза, а останатите три ќе формираат две нови групи. Ако нашите ракометарки ја минат првата фаза тогаш во втората би вкрстиле со селекциите од Д групата ПОЛСКА, ЦРНА ГОРА, ГЕРМАНИЈА или ШПАНИЈА
 
Во групите А и Б чиј домаќини ќе бидат Словенците ќе играат: 
 
Во Љубљана (група А): НОРВЕШКА, УНГАРИЈА, ХРВАТСКА и ШВАЈЦАРИЈА
 
И во Целје (група Б): ДАНСКА, ШВЕДСКА, СЛОВЕНИЈА и СРБИЈА
 
Женскиот Европски ракометен шампионат ќе се игра од 4 до 20 ноември.