Loading Video...
Ракомет
4. August 2020 - 18:31

Македонските ракометари против Швајцарија ќе играат во Цуг

Машката ракометна репрезентација на Македонија која за која по подолг период следната година нема да настапува на големо натпреварување (Светското првенство), своето враќање на „големата сцена“ очекуваме да ја има на Европскиот шампионат во 2022 година во Унгарија и Словачка. 
 
Патот до него води преку шесте квалификациски натпревари почнувајќи од Скопје и дуелот со Финска, па веднаш потоа и мечот со Швајцарија на гостински терен. 
 
Швајцарците денеска го одредија и терминот на одигрување на можеби клучниот меч. Тоа ќе биде  7 ноември со почеток од 18:30 часот, и тоа го малото место Цуг во близина на Цирих, а натпреварот ќе се игра без присуство на публика. 
 
По ноемвриските натпревари ќе следува пауза се до март месец следната година, а квалификациите ќе бидат заокружени на 2 мај и тоа во Скопје со реваншот против Швајцарците 
 
 
Комплетен распоред и термини на натпревари на Македонија во квалификациските за ЕП 2022: 
1 коло: Македонија – Финска           4-5 ноември 2020 година
2 коло: Швајцарија – Македонија    7-8 ноември 2020 година
3 коло: Македонија – Данска           10-11 март 2021 година
4 коло: Данска – Македонија           13-14 март 2021 година
5 коло: Финска – Македонија           28-29 април 2021 година
6 коло: Македонија – Швајцарија    2 мај 2021 година