Фудбал
7. September 2021 - 18:36

Македонските младинци одиграа без победник со Србија

Македонската млада фудбалска репрезентација до 21 година го прокнижи првиот бод во квалификациите за Европскиот шампионат 2023 година. Тие може да жалат што не освоија три бодови во дуелот против врсниците од Србија, откако натпреварот одигран попладнево во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“ заврши без голови 0-0.
 
Иако гостите во првиот дел имаа шанса да поведат сепак, благодарение на младиот голман на Брегалница, Давид Денковски, тоа не им успеа.
 
Денковски во 35.минута го одбрани ударот од белата точка на Тедиќ, a по одбиената топка до Стевановиќ, тој уште еднаш интервенираше, не дозволувајќи им на Србите да дојдат во водство.
 
Во вториот дел избраниците на Канатларовски имаа три големи шанси за гол. Најнапред Фазлагиќ во 79-тата не реализира, а во судиското дополнеие удар на Трајковски отид над голот додека обидот на Елези гостинскиот голман го одбрани, па црвено-жолтите може да жалат што не стигнаа до победа