Loading Video...
Фудбал
10. October 2021 - 17:41

Македонските фудбалери со надеж да го повторат успехот од Дуизбург против Германија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација утревече во Скопје, па пречекува Германија во осмиот натпревар од квалификациите за СП во Катар.
 
 
Една од најдобрите селкции во светот, германската, секако е предизвик за секој фудбалер кој игра против истата, па така ќе биде и утревечер кога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе истрчаат макеоднските фудбалери во дулет против фаворизираниот противник. 
 
Германците во овие квалификации оставрија шест победи на седумте одиграни дуели, а единствениот неуспех го имаа токму против нас кога во Дуизбург загубија со 2-1. Поразот секако беше поука за противникот, но за нас потврда дека и со Германците може да се надигруваме. 
 
„Победата над Германија треба да ја оставиме на страна. Не треба да се залажуваме премногу. Спортски и човечки е да се надеваме, ама со големи репрезентации моето искуство од натпреварите мора да се запази сè за да се дојде до позитивен резултат. Репрезентации како Германија секогаш одат на победа. Зошто да не се повтори успехот од Дуизбург, наше е да се надеваме. Имаме играчи од голем калибар кои се носители на игра во своите клубови, па ако се поклопат коцките можеме пак да изненадиме. Сакаме да останеме во врвот, математиката е јасна, мора да се освојат што е можно повеќе бодови“, изјави капитенот Стефан Ристовски. 
 
Нашата селекција ќе има поддршка и од трибините, а од ФФМ веќе оддамна информираа дека влазниците за овој натпревар се веќе распродадени. 
 
Дуелот Македонија – Германија ќе започне од од 20:45 часот, термин во кој ќе се играат и средбите Исланд – Лихтенштајн и Романија – Ерменија.