Loading Video...
Фудбал
10. јуни 2021 - 18:47

Македонските фудбалери одбројуваат до дебито на ЕУРО

Македонските фудбалери кои веќе трет ден се во Букурешт, нетрпеливо ги одбројуваат деновите и часовите до своето дебито на Европскиот шампионат
 
Во позитивна атмосвера и со голема мотивација најдобрата македонска фудбалска селекција веќе одработни неколку тренинзи во Букурешт, каде во недела против Австрија ќе го има својот прв настап на континенталното првенство. 
 
„Се чувствуваме спремно, подготвени сме и мотивирани за натпреварот. Ги познаваме Австријците доста добро. Притисокот над нас го претвораме во мотивација, за да дадеме максимум и да одиграме добар натпревар. Мислам дека за нас првиот натпревар е најважен. Ова е одлично искуство, но мотивацијата е огромна и покрај неискуството на големите собири“, вели нашиот голман Столе Димитриевски. 
 
И неговиот колега Шишковски се согласува дека мотивот во тимот е на највисоко ниво. 
 
„Се собравме на 25 мај, мислам дека одработивме добри припреми и ни остануваат уште два дена до првиот натпревар на Европското првенство. Сите ќе бидеме мотивирани в недела, мислам дека ќе биде доволно да извлечеме добар резултат. Секој меч е различен, в недела стартуваме со нула бодови и првиот натпревар со Австрија е најважен, тоа може да биде најдобриот ден во репрезентативниот дрес. Секој натпревар се подготвува на ист начин, без разлика на противникот. Нема притисок дали е против Австрија или Украина“, вели Шишковски. 
 
Дебито на Македонија на ЕВУРО е во недела од 18 часот кога започнува дуелот со Австријците.