Македонскиот хип хоп филм „Сложувалка“ со награда на фестивал во Белград
Македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка“ во конкуренција од повеќе филмови доби специјална награда за уметничка искреност на фестивалот „Dok’ n’ Ritam“, кој од 24 до 26 јуни се одржа во Белград.
Филмот е реализиран од страна на Александар Ковилоски, Ѓоре Милевски и Небојша Милосављевиќ, членови на oрганизацијата Хип Хоп Македонија, и на уметнички начин го прикажува сложувањето на деловите од приказната за македонскиот хип хоп.
Како што се наведува во соопштението на авторите, за успехот на филмот на фестивалот, кој се заснова на музички филмски документарци, говори и фактот дека истиот од гласовите на публиката го освои второто место и за интересот на гледачите за неговата презентација.
Во филмот учество земаат најпознатите македонски хип хоп артисти и активисти од почетокот на создавањето на макрап сцената до денес.
Хип хоп документарецот во текот на месец мај на манифестацијата МАН (Македонски Алтернативни Награди) ја освои наградата за најдобар македонски документарец за 2015 година. Претходно, филмот ги доби и симпатиите на уметничкиот филмски IOF фестивал во Бангладеш, на почетокот од јуни годинава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација