Македонија
6. July 2022 - 16:48

Македонската научна и интелектуална елита против францускиот предлог

Македонците се турнати во историски амбис за да бидат избришани од картата на Европа и светот – близу 200 јавни личности, академици, професори, историчари, правници, писатели, уметници и економисти со допис се обратија до шефот на државата.

Г. претседател Пендаровски, Вие лично со Димитар Ковачевски, претседател на Владата, на вратот на македонскиот народ му ставивте француски огламник, ултимативна спогодба помеѓу Македонија и Бугарија.

Огламникот јарем, што во иднина треба да го носат Македонците под диктат на Бугарија. Целта е обезличување на македонскиот народ пред да влезе во европскиот дом на народите.

Вие претседателе, заборавивте плиткоумно, лекоумно, кој ве избрал во мај 2019 година. Македонскиот народ и граѓаните на Македонија! Ние, Македонците сега сме турнати во историски амбис за да бидеме избришани од картата на Европа и светот.

Во ова политичко „злокобно време“, време на 21 век, не смеете да бидете актер во политичко ништење на македонскиот народ и држава. Вие сте дел од извршната власт на македонската држава, уставно сте повикан да ги спречите погубните политики на Владата.

Меѓу потписниците на писмото се и акдамик Божин Павловски, академик Митко Маџунков, академик Живко Попов, академик Катица Ќулафкова, историчарот Тодор Чепреганов, поетот Ефтим Клетников...