Македонија
22. September 2021 - 16:46

Македонија со скок од 11 места на скалата на глобалниот индекс за мир

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, покажува истражувањето на австралијанскиот Институт за економија и мир. Според податоците. Земјава бележи 11 индекси поени повеќе за разлика од лани кога беше 51, а сега на листата се наоѓа на 40то место. Од регионот, побезбедни земји се Словенија која е 5та и Хрватска која е на 17то место, а зад нас, односно 44та е Србија потоа Албанија која е 48ма, на 51то место се најде Црна Гора, претпоследна е Босна и Херцеговина, а најнебезбедно е во Косово која е 80ста на листата.

Како главна причина поради која земјава бележи напредок е посочено потпишувањето на Преспанскиот договор. Експертите се согласуваат со ова и велат дека зачленувањето на Македонија во НАТО е главниот фактор на стабилност и безбедност.

Мојановски вели и дека во идинина може да се очекува да се намалат заканите и притисоците за дестабилизација, што дополнително ќе не направи побезбедна земја.

Инаку според глобалниот индекс за мир, во светкси рамки на врвот на листата е Исланд, потоа следи Нов Зеланд а трета е Данска. Додека пак како најнебезбедна земја е оцена Авганистан, која го зазеде последното, однодно 163то место.