Loading Video...
Ракомет
6. March 2021 - 20:01

Македонија се подготвува за квалификациските дуели со Данска

Македонската ракетна репрезентација ја очекува двомечот од квалификациите за ЕП со селекцијата на Данска. Првата средба е во четврток а новиот селектор на националниот тим, Кире Лазаров денеска ја изврши првата прозивка со најава дека од вторник репрезентацијата ќе биде ккомплетна.

„Сакам модерна Македонија, ова е ракометна нација. Ги познавам недостатоците од минатото, иако сме во смена на генерации мора да рабоите чекор по чекор. Јас и соработниците сме подготвени, имаме план за Данска и за иднината, но било каков резултат не смее да не разочара. 

Ако зборувам искрено, би бил пресреќен да не играм и да го градиме тимот околу младите. Сепак, со оглед на нашите цели, ќе мора да се проценува кога да бидам на теренот, а кога не. Подготвен сум на сè, изминатите десет години секогаш бев „десна рака“ на селекторите. Посакувам и верувам дека ќе стигнеме до целите“- изјави за новинарите македонскиот селектор.