Бизнис
24. October 2021 - 21:15

Македонија продолжува да ги игнорира предупредувањата на ЕУ и денеска повлече струја од европската мрежа

Земјава ги игнорира предупредувањата од Европската енергетска мрежа. И покрај 4 опомени кои стигнаа на адреса на МЕПСО изминативе 10 дена, влечењето струја продоложува. За само еден ден, вчера, повлечени се над 6.000 мегават часови. Ако еден мегават чини од 200 до 250 евра, значи МЕПСО ќе треба да плати од 1,2 до 1,5 милион евра за еден ден.   

Експертите алрамираат – состојбата е критична. Струја нема, а таа што ја има на светките берзи е  премногу скапа. Потрошувачката кај нас е поголема од домашното производство и увозот. Цехот на крај ќе го платат граѓаните. Исклучување од Европската енергетска мрежа, за сега не е можно, но опомените ќе значат повисока фактура. Оваа енергија може да се користи само во случај на хаварија. Кај нас нема никава хаварија. Значи се зема за домаќинставта, што е спротвно на сите правила.

- Се што се троши над нормите, над договорената количина, се плаќа 50% поскапо. Значи ако треба да се плати 200 евра мегават, поради непочитување на договор, МЕПСО ќе плати 300 евра за мегават. Но до кога ќе има пари МЕПСО да плаќа милионски суми? Има ли сценарио или план Б Владата? - вели Константин Димитров за Сител.

Од Владата пак, молк. Не одговорија дали тие ќе ги платат сумите кои за октомври ќе надминат 10 милиони евра, откако МЕПСО кажа дека нема пари. Дали се планирани рестрикции на струјата? Како да се надоместат недостатоците, кога ниту една земја не сака да ни даде јаглен за да се обезбеди струја.

Пред нас е зимата и станува се поизвесно дека ќе биде студена. Во моментов земјавата се снабдува со енергија од еден блок на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, кој ги троши последните резерви.