Бизнис
17. November 2015 - 19:58

Македонија присутна на Б20, бизнис крилото на Г20

Структурни реформи за силен и стабилен раст на економиите. Подобар квалитет на јавните и приватни инвестиции, особено во инфаструктурата, отстранување на трговските бариери, поголема вклученост на жените во бизнисот. Ова се само дел од заклучоците на светските лидери на Самитот Г 20, кој викендов се одржа во Анталија. Во рамки на самиотот се одржа и бизнис форум на кој учестуваа и стопанственици од повеќе земји, а единствен претсавник од Македонија беше претседателот на Сојузот на Стопанските Комори, Арсовска

-Данела Посебен акцент беше ставен на развојот на  малите и средни претпријатија, изворите за финансирање на истите, се формира и посебен Центар за инфраструктура, каде на глобално ниво треба да го олесни работењето на бизнисот, што значи поедноставни царински процедури, ослобидубање  од царина и така натамѕ, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК

На Б20 или познат како бизнис крило на Г20 биле присутни лидери на моќни мултинационални компании. Со некои од нив Арсовска имала и одвоени средби. Се интересирале каде е Макаедонија и кои се условите за водење бизнис

-Се дискутираше и како да се отворат повеќе работни места, односно како фирмите да се стимулираат да вработуваат нови лица. Тоа всушност македонската влада веќе го прави преку проектот Македонија вработува, додаде  Арсовска

Средната средба на најмоќните бизнис креатори наредната година ќе се одржи во Кина.