Loading Video...
Ракомет
1. јуни 2020 - 16:52

Македонија ќе бара три места во европската ракометна Лига на шампиони

 
 
 
Ракометната федерација на Македонија денеска до ЕХФ ги достави имињата на екипите кои ќе ја преставуваат нашата земја следната сезона во Лигата на шампионите. 
 
Вардар веќе е сигурен учесник во Лигата на шампионите за која валд-карта бара и битолски Еурофарм Пелистер. Кај дамите пак, екипата на Куманово ќе биде нашиот претставник во елитното натпреварување, откако тимот на ЖРК Металург ја откажа таа можност. 
 
Сега на потег е „европската куќа на ракометот“ која во текот на оваа седмица ќе ја достави цела документација за учество до клубовите, по што тие ќе треба да ги пополнат и испратат документите назад.
 
ЕХФ би требало во втората половина на јуни да го донесе и конечното решение, по што веќе на 1 јули ќе се одржи и ждрепката во двете конкуренции за новата сезона во ракометната Лига на шампиони.