Loading Video...
Фудбал
20. November 2021 - 18:09

Македонија ЃП со пресврт го победи Скопје

Македонија ЃП со пресврт славеше победа над Скопје во воведниот меч од 14.коло на ПМФЛ. 
 
На средвата одиграна во Атвокоманда, домаќините поведоа со голот на Ален Јашароски во  58.минута. 
 
Сепак радоста на домаќините не траеше долго бидејќи само девет минути подоцна Сефер Емини  го израмни резултатот, а истиот фудбалер во 77-та минута го постигна и вториот гол, за победа на Македонија ЃП од 2-1.
 
Во исчекување на утрешните средби Ѓорчепетровци сега се на шестото место на табелата со 20 бодови, а Скопје ќе остане девети со 16 бодови. 
 
Утре (недела) од 13 часот ќе се играат преостанатите средби од оваа рунда, а двојките се: 
СТРУГА ТЛ -  РАБОТНИЧКИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ -  ТИКВЕШ
БОРЕЦ 1 -  РЕНОВА
ШКЕНДИЈА -  БРЕГАЛНИЦА
ШКУПИ -  ПЕЛИСТЕР