Loading Video...
Фудбал
30. November 2019 - 15:48

Македонија ЃП и Струга ТЛ одиграа „реми“ со два гола во седум минути

Воведниот натпревар од 17.коло на ПМФЛ, меѓу Македонија ЃП и Струга ТЛ заврши без победник 1:1. 
 
Иако воведот најави и многу повеќе голови, сепак двата гола беа постигнати во првите седум минути. 
 
Уште на самиот старт, односно по 19.секунди игра гостите поведоа со голот на Флорент Османи.
 
А, не се чекаше многу Македонија ЃП да стигне до израмнување. Се играше седмата минута кога по нафрлувањето од десната страна Блажевски со глава асистираше кон Паду, а  Бразилецот и израмнување на Македонија на 1-1.