Македонија
22. March 2017 - 22:50

Македонија ги бележи најмасовните протести - граѓаните порачуваат дека унитарна држава е единствено решение

Млади на ролери и со транспаренти во рацете го предводеа маршот на 24-от ден од протестите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија.

И вечерва од граѓанската иницијатива повикаа да се отфрли албанската платформа.

- Синоќа гласно кажаа „ние сме домаќини во оваа држава во која има куќен ред, ние сме граѓани кои сакаме заедничка Македонија и нема таква сила од надвор која може да го промени тоа, ние сме граѓани на оваа држава кои ултимативно бараат да се отфрли Тиранската платформа, потпишана од луѓе кои тврдат дека пред 100 години тука живееле амеби, а не Македонци, истакна Богдан Илиевски, иницијатива За заедничка Македонија.

И вечерва голем број уметници дадоа подршка на иницијативата, а пред ијладниците граѓани искакнаа Македонија да си остане унитарна држава.

- Лазите како змии во Македонија и велите дека се е правда, а кога ќе се видите  во огледало знаете дека се е лага. Македонија имала, се уште има и ќе има синови и ќерки кои ќе ја сакаат и ќе ја чуваат. Македонија има горди и лојални граѓани кои знаат што е што значи зборот Татковина во вистинска смисла. Беден е оној кој нема татковина, мајковите, дедовина, кој нема каде коските да ги положи, кој нема кој да го исплаче. Затоа, мои горди Македонци, нема да дозволиме да бидеме врба без корен. Главата горе, горди Македонци, истакна Ристе Велков, првенец при МОБ.

- Треба да им биде јасно дека ниту едно црно јато не може да го помрачи сонцето, и доколку тие сакаат да се искачат повисоко до тоа сонце треба да им биде јасно дека таму ќе се изгорат, изјави Јовица Тасевски

Од иницијатвивата За заедничка Македонија и за утре закажаа нов протест за во 17 часот пред Владата.