Loading Video...
Фудбал
11. October 2021 - 14:31

Македонија домаќин на Германија во квалификациите за Мундијалот

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва во Скопје, ја пречекува Германија во осмиот натпревар од квалификациите за СП во Катар.
 
Четирикратниот светски и трипати европски шампион  Германија секако е предизвик за секој фудбалер кој ќе игра против оваа фудбалска селекција. 
 
Така ќе биде и вечерва кога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе истрчаат макеоднските фудбалери во дулет против фаворизираниот противник. 
 
Во првиот меч одигран во Дуизбург, нашата репрезентација забележа победа со 2-1, а тоа е единствениот неуспех на Германците во овие квалификации во кои на останатите шест средби оставрија исто толку победи. 
 
Но. За разлика од тој меч во нашиот состав нема повеќемина фудбалери, а поразот секако беше поука за противникот, смета селекторот Благоја Милевски кој заедно со своите избраници верува во позитивен резултат.
 
 
„Нè очекува поинаков дуел од тој во Дуизбург. Ќе треба да бидеме максимално концентрирани ако сакаме да дојдеме до позитивен резултат. Го респектираме противникот кој има многу ѕвезди, ама тука ќе се прашува и Македонија на натпреварот. Ние не би биле спортисти, ако не се надеваме на успех без разлика на противникот. Не гледам причина да биде различно и вечерва. Веруваме во своите квалитети и покрај респектот кон Германија. Начинот на кој играат сега е поинаков под новиот селектор. Играчите се истите, но со различни задолженија на самиот терен. Секоја селекција има слаби страни, па и Германија. На нас е да ги воочиме, па треба да ги искористиме“, изјави селекторот Милевски. 
 
Нашата селекција ќе има поддршка и од трибините, а од ФФМ веќе оддамна информираа дека влазниците за овој натпревар се веќе распродадени. 
 
Дуелот Македонија – Германија ќе започне од од 20:45 часот, термин во кој ќе се играат и средбите Исланд – Лихтенштајн и Романија – Ерменија.