Македонија денес го игра последниот натпревар на ЕУРО2020, последен меч и за Горан Пандев во националниот дрес
Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес во 18:00 во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија.
Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување како самостојна држава.
Овие момци , не направија горди во секаква смисла на зборот, и за прв пат ја осетивме фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување. Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж и да се одигра за капитенот Горан Пандев кој за последен пат ќе го носи националниот дрес.
Зад Пандев ќе остане запишано дека е европски и светски првак со Интер, освојувач на скудетото со „нераѕурите“, победник на Купот со три клуба (Лацио, Интер, Наполи), еден од малкумината странци со над 450 настапи во Калчото, меѓу 80-тината фудбалери во Италија со сто голови.
Пандев ќе се збогува со националниот дрес како фудбалер со најмногу настапи и најдобар стрелец со во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со 37 голови, вклучувајќи го и историскиот прв на Европските првенства, што го постигна против Австрија на 13 јуни во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020..
Без разлика на крајниот резултат , Македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал.
ЕВРО 2020 ќе биде запишано со златни букви во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се што ќе се случи во иднина, така и ќе остане.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово