Loading Video...
Ракомет
10. December 2019 - 18:47

Македонија без носителите на контролните дуели во Стара Пазова и Букурешт

Без носителите на играта, машката ракометна репрезентација ќе ги одигра првите контролни натпревари, кои се дел од подготовките за настап на Европскиот шампионат во јануари. 

Селекторот Данило Брестовац денеска го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на првите контролни натпревари. Меѓу 19-мината ги нема најискусните, оние кои се носители на играта, кои на тимот ќе му се приклучат по враќањето од Романија. 
 
Така Брестовац на располагање за дуелите со Кувајт како и турнирот „Трофеј Карпати“, на располагање ќе ги има ракометарите од домашното првенство, како и неколкумина  интернационалци кои порано ќе заврши со клупските обврски. 
 
Собирот на репрезентацијата е на 20 декември во Скопје, а на 25 и 26 декември во Стара Пазова ќе играме против Кувајт, по што се заминува за Букурешт каде на 28 и 29 декември ќе се играат натпреварите на “Трофеј Карпати“ на кој македонската репрезентација ќе игра против Алжир, а во зависност од резултатите ќе одигра меч и против Холандија или домаќинот Романија. 
 
Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 20.12.2019 (петок) во Хотел Александар Палас со почеток во 13:00 часот.
 
Распоред на натпревари:
 
25.12.2019 (среда) во 19:00 часот Македонија – Кувајт
26.12.2019 (четврток) во 19:00 часот Македонија – Кувајт
 
28.12.2019 (сабота) 16:00 часот Македонија – Алжир
28.12.2019 (сабота) 18:00 часот Романија – Холандија
29.12.2019 (недела) 16:00 часот Натпревар за 3-то место
29.12.2019 (недела) 18:00 часот Натпревар за 1-во место
 
До стартот на шампионатот (10 јануари), македонските ракометари ќе одиграат и контролни дуели со Словенија и Црна Гора.