Македонците најнесреќни во регионот
На листата на најсреќни земји на светот, Финска повторно го зазема првото место, додека Македонија се најде на 84 место. Најсреќни балканци се Словенците позиционирани на 44. место, потоа следува Србија на 70. Црна Гора на 73. Хрватска на 75 место, а од Македонците посреќни се дури и жителите на Босна и Херцеговина која на оваа листа се наоѓа на 78 место.
Резултатите од испитувањето на нивото на среќа се објавени на страницата Ворлд Хепинес Репорт, а зад Финска се најдоа Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.
Унгарија се наоѓа на 62. Грција на 82, додека меѓу среќни земји се сметаат и Нов Зеланд 8. Канада 9. Австрија 10 Австралија 11 и Луксембург на 14. место.
Велика Британија, Германија и Франција се наоѓаат на 15., 16. и 17 место, Русија на 68., а САД на 19. место.
Најлошо рангирани се Централната Африканска Република на 155., Авганистан на 154. Руанда на 152. и Јемен на 151 место,
Листата на најсреќните земји се прави на основа на тоа колку се задоволни граѓаните на една земја, а го спроведува мрежата на Обединетите нации за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата Ернесто Или.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров