Loading Video...
Кошарка
13. May 2022 - 10:51

Мајами се пласира во финалето на истокот, Далас и Феникс ќе играат „мајсторка“

Екипите на Далас и Феникс ќе играат мајсторка за вчез во финалето на Западната конференција додека Мајами веќе се пласира во виналето на истокот. 
 
Ова е исходот по одиграните шести натпревари во конференциските полуфиналиња од НБА плајофот. 
 
Лука Дончиќ со 33 поени 11 скокови и 8 асистенции го предводеше својот тим до триумфот со 113-86 во дуелот со Феникс со кој Далас го израмни резултатот на 3-3 во победи, па мајсторката закажана за во недела (22 часот) на теренот на Феникс ќе решава кој тим ќе угра во финалето. 
 
Најдобрата екипа од регуларниот дел на сезоната на истокот Мајами е првата која обезбеди конференциско финале. Мајами како гостин славеше во Филаделфија со 99-90 и со 4-2 во победи се пласира во финалето. 
 
Во него „Хитси“ за противник ќе го имаат подобриот тим од пресметката меѓу Бостон и Милвоки во која актуелниот шампион има предност од 3-2 во победи, па доколку Милвоки вечерва слави пред својата публика, ќе пласира во финалето. 
Иста катва шанса имаат и кошаркарите на Голден Стејт кои во дуелот против Мемфис водат со 3-2 во победи.