Loading Video...
Кошарка
18. September 2020 - 15:57

Мајами поведе со 2:0 во финалето против Бостон

Кошаркарите на Мајами поведоа со 2:0 во победи  против Бостон во финалето на Источната конференција во НБА лигата. 
 
„Жешките“ повторно покажаа карактер па по негативата од 17 поени успеаја да се вратат во игра и да забележат победа со 106-101. 
 
И овојпат решавачка беше третата четвртина која Мајами ја доби со 37:17 и дојде до водство кое не го испушти до крајот на мечот.
 
Словенецот, Драгиќ со 25 поени и Адебајо со дабл-дабл учинок со 21 поен и 10 скокови, потпомогнати од Батлер кој постигна 14 поени беа најзаслужните за оваа победата на Мајами, 
 
Следниот натпревар овие два тима ќе го играат во недела во 2 часот и 30 минути по полноќ 
 
Ноќеска пак во 3 часот по полноќ на програмата е првиот финален дуел на западот меѓу ЛА Лејкерс и Денвер.