Мадуро: Повеќе од 65 проценти од граѓаните на Венецуела сакаат нов Парламент
Повеќе од 65 проценти од граѓаните на Венецуела сакаат да промена на составот на Националното собрание, рече претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Венецуелското национално собрание е под контрола на опозицијата.
– Сите анкети покажуваат дека повеќе од 65 проценти од граѓаните на Венецуела сакаат да изберат ново Национално собрание, рече Мадуро во телевизиското обраќање, додавајќи дека парламентарните избори би можеле да се одржат во кое било време во 2020 година.
Како што рече, изборите не мора да се одржат во недела, но тие може да се одржат во кој било ден во неделата. Според Венецуелскиот Устав, изборите треба да се одржат во 2020 година.
Мадуро додаде и дека војската во земјата е подготвена да ја одбрани земјата 100 проценти.
– Треба да го браниме правото на нашиот народ за мир, соживот, хармонија, толеранција, социјална среќа, рече Мадуро.
Ситуацијата во Венецуела ескалираше на 23 јануари минатата година кога спикерот на Собранието Хуан Гуаидо се прогласи за претседател и кога САД го признаа за претседател.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација