Loading Video...
Фудбал
20. January 2023 - 18:56

Мадридско дерби, Реал - Атлетико во 1/4-финалето на Копа дел Реј

Во шпанскиот „Кралски куп“ или популарниот Копа Дел реј, се играа осминафиналните дуели.
 
Реал Мадрид, со голем пресврт во вториот дел испеа да го мине Виљареал. Откако „жолтата подморница“ по првото полувреме имаше водство од 2-0, во второто, го головите на Винициус, Милтао и Себаљос, Реал стигна до победа и пласман во четвртфиналето.
 
Во него, Реал за противник ќе го има градскиот ривал Атлетико.
 
Останатите двојки за четвртфиналето се: Барселона - Реал Сосиедад, Осасуна - Севиља.и Валенсија - Атлетик Билбао.
 
Натпреварите од четвртфиналето во „Купот на Кралот“ ќе се играат од 24 до 26 јануари