-->
-->
Лукаревска е нов заменик-претседател на СДСМ
-->
Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Сања Лукаревска е втората заменик-претседателка на СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата. Заев ја избра Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска.
Пред конгресот, во СДСМ имаше и размислувања заменичката позиција да биде укината, но по смената на моделот за избор на партиски лидер на непосредни внатрепартиски избори, денеска, пред почетокот на конгресот, досегашниот состав на ИО решил да се избере нова заменичка на Заев.
Конгресот денеска треба да го избере и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, за што делегатите добија листа од 120 имиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо