Фудбал
3. August 2020 - 9:06

Лукаку: Ние сме на вистинскиот пат

 Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку ја сумираше сезоната во Серија А.

– Сезоната заврши, но ние сè уште сме во процес на трасирање на вистинскиот пат. Ви благодарам за поддршката на нашиот тим во текот на целата сезона. За сите нас, вие момци бевте одлични. Секој ден би давал максимум за вас, им се обрати Лукаку на фановите на Интер преку Инстаграм.

Интер сезоната 2019/20 во Серија А ја заврши на второто место со 82 бода, еден помалку од шампионот Јувентус.