Ракомет
29. September 2016 - 8:23

ЛШ: РНЛ минимално славеше над Цеље

Ракометарите на германскиот тим Рајн некар Ловен постигнаа минимална победа од 31:30 во првиот натпревар од Лигата на шампионите. На домашен терен тие го победија словенечки Цеље, иако гостите имаа водство во поголемиот дел од второто полувреме, Најефикасен на натпреварот беше Миха Зарабец од Цеље со 8 голови, а кај РНЛ по 5 постигнаа шведскиот интернационалец Ду Риц и Пекелер. Три гола постигна и голманот на Цеље Гајич. Во редовите на РНЛ македонскиот репрезентативец Дејан манасков беше во составот, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Ова беше дуел од Б групата.

Попладнево се игра уште еден натпревар од 2.коло меѓу Динамо Букурешт и Мотор.
 
Распоред на натпревари од 2.коло:
А група: Веспрем - Кадетен Шафхаузен, Барселона - Кил, Силкеборг - Флензбург, ПСЖ - Висла.
Б група: Вардар - Мешков Брест (сабота), Киелце - Кристијанштад, РНЛ - Цеље 31:30.
Ц група: Татран Прешов - Металург (сабота), Ла Риоха - Монпеље, Елверум - Чеховски Медведи.
Д група: Динамо Букурешт - Мотор, Брага - Холстебро, Нант - Бешикташ.