Loading Video...
Ракомет
20. November 2019 - 20:16
ЛШ: Еурофарм загуби нов трилер во Финска
Нема натпревар без драма и трилер завршница за Еурофарм Работник во Лигата на шампионите.
Приказната се повтори во Финска каде македонскиот претставник загуби со 23.21 иако во поголемиот дел од натпреварот го имаше темпото и делуваше како посериозен противник.
Брзоплетоста во играта во вториот дел заврши со серија грешки во редовите на битолскиот тим што домашните во финишот го искористија и среќно дојдоа до втората победа.
Јотиќ и Остроушко со 5 односно 4 погодоци беа најефикасни во Еурофарм кај Кокс се истакна Таминен со 6 погодоци.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->