Loading Video...
Ракомет
23. October 2020 - 20:18

ЛШ: Борко Ристовски во тимот на колото

Дуелот на Вардар со Порто мина во знакот на македонските репрезентативни голмани Борко Ристовски и Никола Митревски. Голманот на Вардар по доброто издание доби заслужено место во тимот на колото во Лигата на шампионите.

Вардар и Порто одиграа крајно возбудлив и неизвесен меч во лигата на шампионите кој на крајот заврши со резултат 25-25 откако гостите постигнаа погодок буквално во последната секунда.

Своја вечер имаше голманот на Вардар Борко Ристовски кој мечот го заврши со 18 одбрани а постигна и четири погодоци казнувајќи ја успешно тактиката на Порто  седум на шест.  Вардаровиот голман со тоа се најде во тимот на колото Кодрин, Карачиќ, Сагосен, Душебаев, Екберг и Итуриза.

Одличен на голот на Порто беше и вториот репрезентативен голман на нашата репрезентација Никола Митревски кој имаше 11 успешни интервенции со што му овозможи нја својот тим да избегне пораз.