Loading Video...
Фудбал
1. January 2023 - 18:51

Лориен очекувано го совлада Анже, а Монако славеше над Брест

Во француската Лига 1, денеска се играат дури шест натпревари од 17.коло. 
 
Од оние што завршија досега издвојуваме најефикасниот меѓу Анже и Лориен во кој  беа постигнати три голови. 
 
Мечот заврши со победа на гостите со 2-1, кои сега се на 6.место на табелата со 31 бод, додека Анже останува последен со само 8 бодови од 17 одиграни средби. 
 
Победа забележа и Монако кој го голот на Русинот, Александр Головин во 54-минута го совлада Брест со 1-0. Монако е на 4.место на табелата соп 33 бодови колку што има и трето пласираниот Олимпик Марсеј. 
 
Денешната понуда ќе ја заокружат Ленс и ПСЖ со натпреварот од 20:45 часот