Тенис
7. February 2020 - 14:52

Лина Ѓорческа брка второ полуфинале на турнирот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа настапува на ИТФ турнирот во словачкиот град Трнава. 
 
На турнирот што се игра за награден фонд од 25.000 долари, Ѓорческа во поединечна конкуренција денеска ќе го игра четвртфиналниот меч во кој за противничка ќе ја има, Александра Каданту која е на 260-то место на ВТА листата односно за дури 140 позиции подобро рангирана од нашата тенисерка. 
 
Доколку Ѓорческа ја мине Романката, тогаш во полуфиналето за противничка ќе ја има Русинката, Влада Ковал или втората носителка Кристина Кукова од Словачка. 
 
Воедно Лина која заедно со Русинката, Ирина Хромачева настапува во двојки и ја имаат улогата на први носителки на овој турнир, за место во финалето ќе играат против руско-украинската комбинација, Викторија Кан и Гана Познихиренко.