Фудбал
26. February 2020 - 19:46

Лига на нации: Време е за „пресметка“ со Грција

Познат е изгледот на шеширите од кој ќе бидат формирани групите од Ц- конкуренцијата во новото издание од Лигата на нациите во која ќе игра и македонската фудбалска репрезентација.  

Формирани се четири групи од по четири селекции а нашата репрезентација ќе биде во вториот шешир заедно со селекциите на Косово, Белорусија и Кипар, селекции против кои нема да игра.  За нас атрактивни противници се  Грција како најдоброрангирана потоа Грузија исто така од првиот шешир каде што се уште и Албанија и Црна Гора .  Од третиот можни противници на Македонија се Естонија,Словенија, Литванија и Луксембург и од четвртиот Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Новото издание на Лигата на Нациите ќе стартува два месеци по завршувањето на ЕП првенство значи во септември а извлекувањето на групите е закажано за трети март во Амстердам.