Loading Video...
Ф1
6. April 2020 - 14:32

Леклерк победник на виртуелното австралиско Гранд-при

Австралиското Гранд-при односно првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот требаше многу одамна да се оддржи, а поради проблемите во пандемијата, целата сезона сеуште е неизвесна, но сепак Леклерк победи во Мелбурн.
 
Затоа, во Формула 1 изнајдоа решение како во овие моменти да ги анимираат и задржат своите фанови. 
 
Тие организираа виртуелни трки, а втората беше токму онаа на патеката „Мелбурн парк“. 
 
Најснаодлив во оваа „гејмерска“ трка беше возачот на ферари, Шарл Леклер, кој истата ја заврши за 15 секунди подобро време од возачот на Рено, Кристијан Лундгард, додека како трет заврши пилотот на Вилијамс, Џорџ Расел. 
 
„Беше неверојатно тешко. Искрено, ние седиме на стол, така што не ја чувстфуваме Г-силата што ја имаме во вистински автомобил, но затоа се потевам како луд. Мускулите не болат, туку концентрацијата е максимална. Многу е тешко. Ова беше одлична трка", изјави победникот Леклерк. 
 
Од позвучните имиња во оваа трка учествуваше и поранешниот светски првак Џејсон Батон кој дебитираше во тимот на Мекларен, а заврши на 11 место. 
 
Секако најинрересен дел од трката беа бројните судари и излетувања од патеката, по кои болидите продолжуваат да се тркаат, нешто што во реалноста ни случано неможе да се случи.