Loading Video...
Кошарка
2. August 2020 - 15:37

Лејкерси никако да го победат Торонто

Актуелниот НБА шампион Торонто „Рептор“ останува нерешива енигма за тимот на ЛА Лејкерс. 
 
И по 12-от во низа меѓусебен дуел на овие два тима популерните „Езерџии“ никако да најдат игра и да остварат победа. 
 
Торонто предводен од Кајл Лаури кој постигна 33 поени, а имаше и рекордни за него во кариерата 14 скока, славеше победа на Лејкерси со 107-92.  Леброн Џејмс беше единствениот расположен играч во поразената екипа па натпреварот го заврши со давл-даб со 23 поени, и 10 скока. 
 
Вечер за паметење имаше кошаркарот на Филаделфија, Ти Џеј Ворен кој во победата на Индијана со 127-121 постигна рекордни во кариерата 53 поени. 
 
Пол Џорџ со 28 и Каваи Ленард со 24 поени го предводеа тимот на ЛА Клиперс до убедливата победа со 126-103 против Њу Орлеанс