Loading Video...
Кошарка
12. October 2020 - 16:22

Лејкерси ја освоија НБА титулата - Хаос на улиците на ЛА

 
По пауза од десет години, екипата на ЛА Лејкерс ја освои шампионската титула  во кошаркарската НБА лига. 
 
„Езерџиите“ на импресивен начин стигнаа до четвртата победа во финалната серија против Мајами добивајќи го последниот дуел со 106-93. 
 
Леброн Џејмс кој го понесе и признание за најкорисен играч (МВП) во финалната серија, дуелот го заврши со „трипл-дабл“, а на 28 поени, придодаде 14 скока и 10 асистенции. И овојпат тој имаше голема поддршка од Ентони Дејвис кој оствари „дабл-дабл“ со 19 поени и 15 скока, како и искусниот Ражон Рондо кој реализира  19 поени. 
 
За Леброн ова е четврти шампионски трофеј откако претходно се радуваше на успесите со Мајами и Кливленд, додека за Лејкерси седумнаесетта со што се израмнија со тимот на Бостон како двете најуспешни екипи во историјата на НБА лигата. 
 
Ражон Рондо пак е само вториот играч во историјата кој освои шампионски прстен настапувајќи за двете најтрофејни екипи. 
 
Освојувањето на шампионскиот трофеј на Лејкерси  беше пропратено со големо славје низ улиците на Лос Анџелес. 
 
Илјадници фанови на „езерџиите“ се собраа пред арена „Стејплс Центар“ прославата не траеше долго, бидејќи полиција мораше да го растури собирот, бидејќи како дел од мерките против  Корона вирусот, САД не е дозволено групирање на луѓе за време на пандемија. При оваа реакција на полицијата дојде и до судир со дел од навивачите на Лејкерси.