Loading Video...
Кошарка
2. November 2019 - 13:40

Леброн и Дончиќ со историски настап

 
 
Настапот на Леброн Џејмс и Лука Дончиќ ја одбележа синоќешната програма во НБА лигата во која беа одиграни осум натпревари. 
 
Тимот на ЛА Лејкес по продолжени го совлада Далас 119-110. Леброн и Лука средбата ја завршија со трипл-дабл и тоа Џејмс покрај 39-те поени, имаше и 16 асистенции и 12 скока, додека Дончиќ на 31-от поен придодаде 15 асистенции и 13 скока
 
Така дуелот меѓу „Лејкерси“ и „Маверикси“  е првиот во историјата на кој двајца кошаркари стигнале до трипл-дабл, а притоа оствариле по 15 асистенции. 
 
Џејмс стана највозрасниот, а Дончиќ најмладиот играч, кој оствариле трипл-дабл со најмалку 30 поени и 15 асистенции.
 
Од останатите натпревари, го издвојуваме минималните победи на Бостон со 104-102 против Њујорк, односно Сакраменто кој со 102-101 ја победи Јута, како и поразот на Хјустон на гостувањето кај Бруклин со 123-116.