Loading Video...
Ракомет
23. January 2021 - 20:02

Лазаров не е задоволен од нивото на македонскиот ракомет, најави стратегија

Македонската ракометна репрезентација е далеку од нивото на претходните големи натпреварувања и затоа настапите на СП во Египет го загрижуваат капитенот Кире Лазаров кој за хрватските медиуми изјави дека е дојден тука да помогне и да им го пренесе искуството на помладите. Лазаров е свесен дека Македонија е блиску до дното но оптимист е дека со добра стратегија може да се направи напредок:
-Знам дека цела Македонија тагува за нашите порази со голема разлика, но верувајте ми ниту мене не ми е лесно. Иако имаме промена на генерација, ние мораме да се бориме до крај, а каков што беше случајот на овој собир. Можеби нас ова СП ќе ни е добредојдено, затоа што на еден начин го допревме дното, па сега да пробаме со добра стратегија да напредуваме“, изјави меѓу другото  Лазаров.