Loading Video...
Фудбал
17. May 2022 - 14:14

Лацио го завери пласманот во Лига Европа, Кјелини и Дибала се збогуваа од Јувентус

Екипата на Лацио одигра нерешено 2-2 на гостувањето со Јувехтус и со освоениот бод го осигура своето место следната сезона во Лигата на Европа. 
 
Иако беше пред пораз и имаше два гола негатива сепак со голот на Србинот, Миленоковиќ-Савиќ постигнат во шестата минута од судиското дополнение, Лацио стигна до посакуваното „реми“ со кое ја задржа предноста од четири бодови во однос на Фиорентина која пак загуби убедливо од Сампдорија со 4-1. 
 
Дуелот во Торино имаше и посебно значење, бидејќи по 18 сезони минати во дресот на Јувентус, својот последен меч во црно-белиот дрес го одигра ветеранот Џорџо Кјелини, а за последен пат за „старата дама“ настапи и Аргентинецот, Пауло Дибала