Loading Video...
Кошарка
5. јуни 2021 - 11:54

ЛА Клиперс се избори за мајсторка со Далас

Екипата на ЛА Клиперс се избори за решавачки седми натпревар против Далас во првата рунда од НБА плејофот. 
 
И во шестиот дуел на овие два тима победа забележаа гостите. 
 
Клиперси славеа на теренот на Далас со 104-97, со што се изборија за мајсторка. 
 
Решавачкиот седми меч ќе се игра утревечер во Лос Анџелес, а победникот од тој натпревар во полуфиналето на Западната конференција ќе игра против екипата на Јута.