Кошарка
14. November 2020 - 19:52

Квалификации за ЕП (ж): Македонија поразена од Германија

На турнирот на неутрален терен во Рига во рамките на квалификациите за следното ЕП, Македонија загуби со 74-59 од селекцијата на Германија. 
Во првиот дел  Македонките одиграа солидно и иако противникот имаше предност од 5 поени  предводени од Митрашиновиќ направија пресврт и поведоа со 17-13. До крајот на првиот дел оваа предност беше задржана и заминавме на пауза со водство од 4 поени. 
Во третата четвртина непрепознатлива игра на избраничките на селекторот Ѓоровиќ и противникот тоа го казнува со убедлива победа со што ја продолжува трката со Холандија за првото место во групата