Македонија
29. March 2023 - 16:44

Кров падна врз средношколка во медицинското во Битола

Таван од тоалет се срушил врз ученичка во средното медицинско во Битола. Ученичката се здобила со повреди на раката. Во моментот таа била во тоалетот кога се паднал  половина таван. Прокапувало со денови но директорката не преземала ништо. Градоначалникот побара одговорност за инцидентот.

„Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.“

Пред нова година  градоначалникот имал средба со директорите на училиштата за да слушне од нив кои се потребните реконструкции кои треба да се направат во училишните згради. Од директорката на медицинското училиште тој не било пријавено дека имаат проблеми со прокиснување.

Тоалетите иако биле реновирани пред неколку години, материјалот не  издржал. Големото количество на вода го уништил таванот.