Македонија
15. October 2019 - 16:48

Кривични за ,,Меѓународен сојуз‘‘, ,,БМЈ груп‘‘ и ,,Томато‘‘ за даночно затајување од 20 милиони денари

Кривични за три фирми поврзани со Боки 13. По повеќе од еден месец истрага, УЈП инфомирира дека ќе поднесе пријави против три од четирите конторлирани фирми. Пријави за затајување данок во висина од околу 20 милиони денари ќе има за одговорните лица во Меѓународен сојуз, БМЈ груп и Томато. Четвртата фирма која беше котролирана е 1 тв и таму нема основ за поднесување кривична пријава.  Конторлите на инспекторите покажале дека се затајувал и данок на добивка, и ДДВ и персоналец.

Во Меѓуародниот сојуз немало сметководител, приходите воопшто не се евидентирани и не е плаќан данок. Констатирано е дека во декември 2017 се склучени договори со градежните фирми Пелистер и Дрим билдинг, договорите не се заверени кај нотар. Фирмите требало да уплатат пари на сојузот за изгрдба на центрите за стари лица. Но наместо на сојузот, парите биле пуштени во Макеоднска авторска агенција, а од таму ги подогнале две физички лица, Јасна Мандиќ и Лилјана Тодоровска кои немале никаков договор со Агенцијата ниту пак проект за изгрдба на центирте. Записнисите за истрагата во сојузот се готови, вчера инспекторуте отишле во Шутка да ги достават на одговорното лице, Бојан Јовановски. Тој одбил да ги прими затоа што минатата недела си поднесол оставка на позицијата претседател на Сојузот.

Додека Јовановски е во затвор, го купил и целиот мебел од ТВ 1. Односно УЈП нашла документи според кои мебелот е префактуриран на име на Боки и сега тој должи на телевизијата. Сепак, кај телевизијата не се најдени елементи за кривична одговорност.

За БМЈ груп, фирмата сопственик на 1 тв , ќе има кривчна пријава затоа што се правени  повеќе малверзации за да се избегне плаќањето данок. Малверзации се правени дури и со продажбата на карти за концертите на Северина и Марија Шерифовиќ.

Кривична ќе добие и сопстевникот на деловниот објект во кој беа сместени БМЈ и 1 ТВ, Томато продукција.

Инаку, на завршниот разговор во БМЈ се појавило физичко лице кое покажало договор за преземање на фирмата и телевизијата со се сите долгови. Договорот не е заврен кај нотар, УЈП не го открива идентитетот на лицето, велат само дека е од земјава и дека е релативно непознат за јавноста.