Македонија
6. јуни 2020 - 16:37

Кривични пријави за охриѓани кои издавале станови на туристи

Инспектори од Охрид, Кичево и Скопје ги чешлаат сместувачките капацитети и угостителските објекти во главниот туристички центар. Само во текот на вчерашниот ден четири приватни станоиздавачи кои сместувале гости во своите станови заработија казни и забрана за работа во рок од 30 дена додека полициските службеници констатирале 72 прекршувања за неносење на лична заштита на лицето.

Во делот пак на работењето на угостителски објекти од нивното отворање поднесени се 5 кривични пријави, а во маркетите регистрирани се 45 опомени и 16 парични казни.

Граѓаните со поделени мислења околу тоа дали и колку се почитуваат мерките за заштита од заразата.

Инаку голем број граѓани од другите градови деновиве за продолжениот викенд одмараат на брегот на езерото каде викендов на сила е делумен полициски час, односно забраната за движење важи од 16 часот попладне до 5 часот наутро.