Македонија
20. January 2021 - 15:51

Кривични пријави за 49 верници кои славеле Водици во Охрид

МВР ќе поднесе пријави за 49 лица кои вчера го одбележале празникот Водици со капење во Охридското езеро, пренесува „А1он“.

Како што велат од МВР, кај месноста „Сараиште“ на ул. „Цар Самоил“ во Охрид, забележана била поголема група граѓани.  Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, велат од МВР.