Loading Video...
Фудбал
28. July 2020 - 15:21

Кривична пријава за екс вработени во ФФМ за проневера од 2,4 милиони

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица, поврзани со проневера на 2.4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ),
 
Како главни осомничени за овој криминал во ФФМ се наведуваат поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски,  поранешната сметководителка на федерацијата Олгица Младеноска, и уште девет други физички и единаесет правни лица, за како што се наведува со соопштението проневера на 2,4 милиона евра само за периодот 2015 до 2019 година, преку фиктивни фактури, плаќање производи и услуги кои никогаш не ги користела Федерацијата, подигнување кеш пари, за група градежни компании кои фиктивно биле ангажирани за работи кои никогаш не ги изградиле, за група преку која ваделе кеш за фиктивните услуги што наводно ги правеле за ФФМ, како и третата група која трошела пари за скапи чевли, облека и чанти. 
 
Како што стопи во соопштението Управата за финансиска полиција рабела на откривање на криминалот во ФФМ повеќе од осум месеци и имаат докази за направениот криминал. 
 
 
На кривичната пријава се огласи актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини кој преку соопштението објавено на сајтот на федерацијата истакна дека прв човек на мак-фудбалот го пријавил овој случај, и дека ќе продолжи да соработува со надлежните институции со цел што побрзо да се дојде до целосно расчистување.
 
„И тогаш кога пријавивме сомнение за проневера, но и сега, мојот и секако ставот на Федерацијата е дека единствено институциите, односно во овој случај, Јавното обвинителство и истражните органи треба да ја водат истрагата пријавена од наша страна, а ние сме должни да соработуваме и да ги доставиме сите потребни документи до истражните органи за расчистување на целиот процес“, се вели меѓу другото во изјавата Сејдини, кој нагласува дека тој како претседател на ФФМ, заедно со надлежните институции ќе продолжи да соработувам со институциите за расчистување на случајот.
 
Во продолжение целата изјава на претседателот на ФФМ, Сејдини.
 
„Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија на 10. октомври 2019 година пријавив сомнение за сторен финансиски криминал до државните истражни органи поврзан со злоупотреба на службената положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и измама во службата од страна на поранешната раководителка на финансискиот оддел во ФФМ и Н.Н. лица.
 
И тогаш кога пријавивме сомнение за проневера, но и сега, мојот и секако ставот на Федерацијата е дека единствено институциите, односно во овој случај, Јавното обвинителство и истражните органи треба да ја водат истрагата пријавена од наша страна, а ние сме должни да соработуваме и да ги доставиме сите потребни документи до истражните органи за расчистување на целиот процес.
 
Во изминатиот период Фудбалската федерација на Македонија имаше интензивна соработка со државните истражни органи, а посебно упатуваме благодарност до Управата за финансиска полиција за нивниот професионален однос, посветеност и одговорен пристап.
 
На Генералното Собрание на ФФМ одржано пред две седмици, јас, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија реков пред присутните, а сега ќе повторам и за целокупната јавност дека како човек кој долго време работи во фудбалот во Македонија, до минатата година мислев дека доволно и добро ги познавам и соблекувалните и стадионите и канцелариите и внатре и однадвор, но и луѓето.
 
Почитувам правила и закони и сметав дека така се однесуваат и другите. Посебно тие кои долги години извршувале одговорни функции. За сѐ друго, одговорноста е на државните институции и судските органи и се разбира на оние кои работеле спротивно на законите.
 
Последиците од тоа, тие луѓе ќе мора да ги сносат. Мене ми е најважно што како Федерација го пребродивме периодот кога за нечии сметки бевме доведени речиси до финансиски крах, но не дозволивме репрезентациите и фудбалското семејство да почуствуваат дека нешто драматично се случува.
 
Се разбира и јас и сите околу мене сме подготвени и ќе продолжиме да соработуваме со институциите на системот, било да е извршна или судска власт, доколку тоа се бара од нас по дела за кои сме пријавиле сомнение.
 
Истовремено, сакам да потенцирам дека раководните луѓе во УЕФА детално се информирани за целиот случај, а како одговорна и транспарентна институција побаравме посебна финансиска истрага и од нивна страна за што добивме уверување дека во најскоро време финансиски експерти од УЕФА ќе извршат и своја, дополнителна контрола во однос на проектите и работењето на ФФМ.
 
Ја уверувам јавноста, посебно фудбалската дека нашето работење не е загрозено, иако минуваме тежок период и веќе работиме на внатрешна контрола на сите активности, плаќања и обврски на федерацијата од 01. јануари 2010 година.
 
Кршење на закон од било когo и на било каков начин, не само финансиски, секако мора да сноси одговорност и последици.
 
Јас како претседател на Фудбалската федерација на Македонија заедно со надлежните институции ќе продолжам да соработувам со институциите за расчистување на случајот“.