Loading Video...
Фудбал
30. October 2019 - 18:48

Кратовци огорчени: Судија од младински лиги суди осминафинале на Куп на Македонија

Фудбалскиот клуб Силекс доживеа елиминација во осминафиналето на Купот, која дефинитивно оди на душа на судиската тројка од Битола предводена од неискусниот судија Благојче Ралевски.
 
По воведните 0-0 на Чаир, кратовци рано поведоа со погодокот на Додев во 11-тата минута. 
 
Клучниот момент се случи во 14-тата минута, кога голманот на Шкупи, Алексовски, направи класичен пенал врз Дарко Додев. 
 
И наместо најстрога казна, Ралевски одмавна со рака не сакајќи да види прекршок и да досуди најстрога казна, која веројатно ќе значеше елиминација на Шкупи од Купот.
 
Оваа очигледна судиска неправда се покажа кобна за кратовци, затоа што во финишот на мечот примија погодок и останаа без четвртфинале во Купот.
 
Во таборот на Силекс се револтирани и огорчени од Фудбалската федерација, и јавно прашуваат кој, зошто и во чиј интерес на дерби натпреварот од осмина финале на Куп на Македонија делегира судија кој во изминатиот период од натпреварувачката сезона има судено исклуиво натпревари од  младинските лиги.