Loading Video...
Балкан
7. November 2021 - 16:24

Ковид-19 зазема се поголем замав во регионот

Корона вирусот зазема се поголем замав во регионот. Поради тоа земјите воведуваат нови рестрикции.

Во Словенија од утре со скратено време ќе работат кафеаните. Ноќките клубови и доскотеките се затворени, а на спортски и културни манифестафии гостите мора да седат насоодветно растојание. На верски церемонии,  маските се задолжителни а верниците мора да покажат сертификат за вакцинација. Децата одат на училиште, но од понеделник мора три пати неделно да се тестираат.

Во Грција во затворен простор, може да се влезе со сертификат за вакцинација, потврда за прележан ковид или негативен тест за невакцинираните. Сите невакцинирани вработени во јавниот и приватен сектор мора да се тестираат два пати неделно.

Во Србија здравстевните власти се сомневаат дека делта плус сојот пристигнал во земјата, поради зголемениот број на позитивни случаи на дневно ниво.  

До сега делта плус сојот е регистиран во Хрватска и Грција.