Loading Video...
Свет
28. November 2020 - 16:47

Ковид-19 во светот: Грција ја ограничи цената на тестовите на 40 евра

Околу 60 % од  7,8 милијарди луѓе во светот треба да се вакцинираат за да се спречи ширењето на коронавирсот  проценува СЗО. Но точно потребната стапка за имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако ќе се знае многу повеќе за вакцините што се тестирани досега вели шефот на одделот за вакцинација на СЗО. Голем борј медицински компании се натпреваруваат за развој на безбедна и ефективна вакцина против ковид 19 за да одговарат на итната здравствена потреба но и одлично да заработат. А до тогаш антиковид мерките и масовните тестирања остануваат главни алатки во борбата против заразата.  Дел од европските земји одлучија да ги намалат строгите рестрикции  за време на престојните празници други пак ги заоструваат.И земјите во регионот го стегаат обрачот.

Од вечерва на полноќ на сила стапуваат нови, строги мерки за сузбивање на епидемијата на корона вирусот. Целата е да се зашити здравјето, да се спасат животи и да се намали оптеретувањето на здтавствениот систем, истакна Андреј Пленкивич, премиер на Хрватска.

Во меѓувреме  грчката влада олдучи да ги направи подостапни  ковид тестовите на граѓаните  а со тоа да спречи профитерството на приватните лаборатории. Максималната цената за ПЦР ке биде 40 евра што  е половина од досегашната цена. Брзиот тест ќе чини 10 евра Бројот на заарзени со корона во светот од почетокот на пандемијата е 62 милиони а приближно 1 милион и 450 илјади луге починале како резултат на инфекцијата.