Бизнис
25. November 2020 - 14:26

Ковид-19 ја зголеми интернет трговијата

Пандемијата го стопираше светот, но отвори нови можности и ја подигна е-трговијата на светско ниво. И во Македонија, во 2020 година се забележува раст на онлајн купувањето, но потребно е уште да се работи за развој на оваа гранка.

За 114 отсто годинава се зголемило купувањето од домашни трговци преку интернет, но македонските граѓаните по се изгледа не се чувствуваат сигурни да купуваат од странци. Купувањето од странски трговци е намалено за 36 проценти.

Иако е-трговијата постојано расте, тој раст е бавен бидејќи според податоците на Еуростат, Македонија е на дното во Европа по дигиталните вештини на населението. Затоа потребна е едукација на граѓаните за можностите кои ги нуди е-тргувањето.

-Дефинитивно, една од предлозите е модернизација и зголемување на капацитетите на институциите. Нашиот предлог е да се формира е-инспекторат кој ќе ги поврзе сите инспекторати, едуцира и ќе ги зголеми вештините за е-трговијата и дигиталната економија на администравците. Потоа, потребна е промоција за зголемување свеста за потенцијалите на е-трговијата. И, нормално, потребна е надградба на регулативата, вели претседателката на Асоцијацијата на е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска.

Македонија има потенцијал за раст на дигиталната економија, но потребно е да се искористат тие потенцијали. Амбасадорката на САД во Македонија, Брнз вели дека зголемен е бројот на компании кои освен на продажни места, сега продаваат и на интернет просторот, а граѓаните имаат многу поголем избор при онлајн купувањето.

-Така може да се има опиплив импакт врз економијата и помога да се креираат нови можности, особено за младите луѓе кои во изминатите години се иселуваат во голем број. Оваа земја огромен технолошки потенцијал и талентирана младина. Искорисутвајќи ги овие потенцијали може да ја подигне Македонија нагоре, па дури и да ја направи регионален лидер во е-трговијата, вели амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз.

Поради пандемијата од коронавирусот речиси секаде во светот е-трговијата доживува експанзија. Во Велика Британија на пример, за три месеци онлајн се купиле производи како во изминатите 5 години.