Македонија
25. October 2021 - 11:16

Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува, дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група на Заев и Спасовски составена од над 40 полицајци правела црни списоци на автомобили кои морале да бидат отсранети од сообраќај, организирала физичко следење на неистомисленици, правеле списоци за гласање за СДСМ, и давале наредби за измислување на прекршоци.

-Наместо во име на законот, тие делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски. “Црн список на возила за отсранување”, “измислете прекршок, тргнете го”,” барајте му лекарско”, “до вечер список од акцијата глас плус важи за сите”, се дел од пораките кои ќе ги објавиме како дел од злострничката група на Заев и Спасовски. Да одиме со ред: Оваа група, која според тоа што имаме на увид била под команда на Кире Китаноски од МВР, човек на советникот на Оливер Спасовски, Оливер Лукароски и истата целосно се ставила во партиска функција на СДСМ, рече Ковачки на прес-конференција.

Според него, полицајците давале добивале наредба од командирот на ОВР Прилеп за шиканирање на активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од комуникацијата во вибер групата гледаме, дека буквално полициските службеници на смена само следеле луѓе кои политички не се согласувале со власта. Во една друга комуникација Андреј Лашкоски БПС Прилеп дава информација - Јапано вози низ Тризла сиво  комбе со такси ознака на него, на што Крајоски Александар БПС Прилеп дава насока - Ако има такси табла запрете го и барајте му лекарско. Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп кој дава наредба - Ако треба измислете прекршок и отстранувајте ги, ајде остана уште малце. До крајот не зна кај се најдува звона на сите страни.Не само што службата била злоупотребена како параполиција на СДСМ, туку и тие биле претворени во агитатори на власта со собирање на гласови за СДСМ. Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп во групата на вибер издава насока - Колеги во четврток и петок е терминот за доставување на списоците по договореното. Внесувањето ќе биде од 16 часот до 19 часот. Во друга порака станува јасно, дека тие имале систем или список во кој ги внесувале гласачите, Цуцуловски појаснува – Да ве потсетам за вечер после 18.00 часот за внесување глас плус важи за сите нас, рече Ковачки.