Македонија
19. May 2022 - 16:33

Ковачевски за навредите од Џафери упати на Собранието - Ахмети избегна коментар за спикерот

Власта се уште без став за однесувањето на собранискиот спикер Џафери за кое ВМРО-ДПМНЕ вчера побара дисциплинска постапка во парламентот. Спикерот веќе неколку дена со координаторите на пратеничките групи е во посета на германскиот Бундестаг. Од кабинетот на Џафери велат одговор ќе следи во наредните денови.

Се уште недостапен за коментар е и претседателот на мандатно-имунитетната комисија Панчо Минов во чија надлежност е Етичкиот кодекс и дисциплинските постапки за пратениците.

Премиерот Ковачевски, пак и понатаму не ја коментира содржината на снимката бидејки не знае дали е автентична, но вели постапката треба да тече во Собранието. Не сака да открие како ќе се постават пратениците на СДСМ за ова прашање.

Коментар одбегна и лидерот на ДУИ, Ахмети кој беше на настатан на општината Чаир. Сопартиецот Висар Ганиум пак, вели дека не може да се коментира бидејќи не се занимавал со висока политика.

Во меѓувреме опозицијата и понатаму инсистира на предвремени избори и тоа независно дали државата ќе има датум за преговори со Брисел или не.